Копривите растат како едногодишни или повеќегодишни тревни растенија, ретко како грмушки. Тие можат да достигнат, во зависност од видот, локацијата и состојбата на хранливата почва, висина од 10 – 300 сантиметри. Повеќегодишните видови имаат подземни ризоми. Зелените делови се влакнести. Нивните стебла се често четириаголни.
Во 1874 година, за време на престојот во јужна Франција, францускиот ботаничар Чарлс Наудин открил дека силните ветрови во текот на 24 часа ги правеле боцкавите влакна на копривата безопасни за цела една недела.
Поради боцкавите влакна, видовите Уртика ретко ги јадат тревопасните животни, туку повеќе служат како засолниште за инсекти, како што селисна вошка, ларви од пеперуги и молци.
Ткаенина направена од коприва била пронајдена на местата за погребување кои датираат од бронзеното време. Се користела за облека, мрежи за риболов и хартија од неразвиените заедници.
Копривата традиционално се користи како состојка во супи, омлети, баница, пире и други јадења. Копривата се користи и за чај, сок и вид на пиво (ел), како и да се зачува сирењето.
Помага кај воспаление на мочните канали, спречува настанување на песок и камен во бубрезите и бешиката. Ја подобрува работата на црниот дроби и помага за исфрлање на слузта од белите дробови.
Се употребува во шампоните бидејќи е докажано дека копривата ја јакне косата и го смалува нејзиното опаѓање.
Копривата која се користи како храна треба да биде млада, пред да се формира семе.
Постојат контраиндикации па и свежиот сок и свежото растение треба да се консумираат со внимание, бидејќи може да дојде до труење поради хипердермичкото дејство врз слузницата на желудникот. Затоа се препорачува растението и сокот од него кратко да се провријат.
Советите од народната медицина не заменуваат стручен, лекарски совет!
