домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ

ГУГУТКА ГУГА – ТРАЈКО ПРОКОПИЕВ

Трајко Прокопиев (Куманово6 ноември 1909 – Белград21 јануари 1979) — македонски композитор на класична музикадиригент и автор на филмска музика. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. Познат е по употребата на историскимитолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.

Прокопиев е роден во Куманово во 1909 г. Во 1934 г. завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на хорското друштво „Мокрањац“ и како учител во истоименото музичко училиште во Скопје. Потоа накратко работи како диригент во Лесковац, па заминува за Сараево, каде раководи со српското хорско друштво „Слога“. По Втората светска војна е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.

Со цел да го продолжи своето музичко образование, во 1946 г. заминува на Прашкиот конзерваториум, каде учи една година диригентство кај професорот Павел Дједечек. По завршувањето развива голема активност како шеф на Музичкиот оддел на Радио Скопје, работи како диригент на Симфонискиот оркестар, на Скопската опера и како директор на фолклорниот ансамбл „Танец“. Во тој период се истакнува и како автор на филмска музика, дебитирајќи во 1948 г. со музика за документарецот „Илинден 1948“.

Ја има создадено музиката за балетот “Лабин и Дојрана”, за оперите “Кузман Капидан” и “Разделба”.

Има напишано филмска музика:

Во 1977 ја има добиено наградата „Сојузна награда АВНОЈ“ за придонес во македонската кинематографија.

Трајко Прокопиев починува во Белград во 1979 г.

Ден 18 април 2025

00:01:17