домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - КЕРМЕС

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КЕРМЕС

Кермес“, изграден во втората половина на 19 век, а урнат во 70-тите години на минатиот век, кога настанала трансформација на угостителите. Дефиницијата на зборот Кермес според дигиталниот речник на македонски јазик е: Забава што се приредува во природа, на отворено. Кафеаната била изградена во 70-тите години од 19 век, кога скопската општина и скопскиот валија го формирале паркот „Ислахане“ (денешниот Градски парк). Всушност, станува збор за кафеаната „Ислахана“(подоцна „Кермес“), проектирана во 1919 година од архитектот Гаврило Томиќ, кој се вбројува меѓу првите градители по завршувањето на Првата светска војна. Во сутеренот на објектот бил сместен Музејот на препарирани животни. Интервенции на архитектурата по градењето на објектот вршел Михаил Дворников. Првобитните граници на Градскиот парк биле засадените пирамидални тополи, кои ја исцртувале границата на паркот околу ресторанот Кермес. Објектот бил оштетен во земјотресот од 1963 година. На платото пред „Кермес“ биле приредувани и концерти од страна на Градскиот оркестар. Во 30-тите години од минатиот век, во кафеаната бил сместен дел од збирката на Природно-научниот музеј, кој бил основан од инвентивниот д-р Станко Караман. Во тоа време, тој претставувал еден вид музеј. Данило Коцевски пишува за користењето на дворот на ресторанот за традиционалното празнување на Ѓурѓовден од страна на ромите, кои претходно го славеле овој празник на Калето кај Француските гробишта. Тука, во таа прекрасна природа, жените во својата најубава носија, а мажите во елегантни костуми, бели кошули, вратоврски и фесови, ја искажувале својата голема дарба за музика, за песна и танц“. Компанијата на Костовски го купи ова место од бизнисменот Зоран Азманов уште во 2004 година, а на 13 март 2005 година доби одобрение за градба плаќајќи и на општината Центар 355 илјади евра за комуналии. Но проектот со кој се предвидуваше „Кермес“ да прерасне во хотел со четири ѕвездички и неговите димензии да се зголемат од 420 на 3.250 квадрати во основата и од 4,9 на 10,9 метри во висината предизвикаа остри реакции во јавноста. Со поништување на дозволата беше запрена и изградбата на “Кермес”, а Општината ја запре градбата со образложение дека не е почитувано мислењето од Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, а ‘Кермес’ ниту во еден документ не е ставен како заштитен споменик на културата”.

Ден 18 април 2025

00:01:17