домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - НАРОДНА МЕДИЦИНА-НЕВЕН

ГУГУТКА ГУГА – НАРОДНА МЕДИЦИНА-НЕВЕН

Зависно од регионот, невенот цвета од рана пролет до доцна есен. Во приморските и топли краеви може да цвета преку цела година.

Стеблото на невенот е исправено, разгрането и избраздено. Висината е до 50 сантиметри и покриено е со кратки и цврсти влакненца. Обликот на листовите се разликува во зависност од нивната положба: горните се долги или шпицести, средните се обратно јајчести и го опфаќаат стеблото, а долните се со крилести дршки. Цветовите се скупчени во портокалово-жолти, крупни соцветија.

Како дрога се користат цветовите кои содржат етерично масло, танини, шеќери, ликопен (кој е многу добар антиоксиданс и штити од рак на грлото на матката), белковини, пигментни каротеноиди (даваат боја на цветовите), календулин, минерали (калиум, сумпор и др), горки супстанци, супстанци на кисел карактер(волоксантин, цитроксантин, рубиксантин, флавоксантин), смоли, органски киселини (јаболкова, салицилна) и др.

Невенот повеќе се користи во народната нега отколку во современата медицина. Се препорачува за чистење и плакнење на рани, чирeви и изгореници. Се користи и за лечење на желудникот, проблем со црева и жолчно кесе. Невеновиот крем се користи за надворешна употреба кај рани, чиреви, осипи и отечени жлезди. Невеновата маст со козјо масло во народната медицина лечи хронични чиреви и отечени места, гнојни рани кои тешко зараснуваат. Облогите од топол невенов чај го подобрува видот. Спрема литературата на руската народна медицина, чајот од цветот на невен се користи кај крвавење од материца и за болести на црниот дробслезината, проблеми со желудник и рахитис.

Невенот делува антисептично и антибактериски и е многу ефикасен против различни воспаленија, габични инфекции, а најновите истражувања наговестуваат дека е корисен во борбата против ХИВ (вирус предизвикувач на СИДА). Корисен е за отстранување на отрови кои прават различни хронични инфекциитрески, кожни болести како што се егземи и акни. Добар е како средство за смирување на грчеви, против астмакашлицатахикардија и несоница. Од одамна во народната медицина се користи за залечување на рани, боцкање од инсекти, смрзнатини, чиреви, брадавици, волчи очи и др. Ладен чај од невен се употребува за плакнење на очи при конјунктивит или после вадење на заб. Поради благите естрогенски дејства во (естроген – женски полни хормон) се користи за воспоставување на редовен менструален циклус и смалување на менструалните болки кај младите девојки или кај жени во климакс.

Ден 18 април 2025

00:01:17