домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - КАПТАЖА НА СЕЛО РАШЧЕ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КАПТАЖА НА СЕЛО РАШЧЕ

Каптажата” с.Рашче Во подножјето на планината Жеден се наоѓа изворот Рашче. Двете каптажи Рашче 1 и Рашче 2 снабдуваат со вода 800-тини илјади жители со вода во Скопје, но ретко кој знае дека планинскиот масив Жеден е заслужен за тоа затоа што ја „стопира“ водата што надоаѓа од полошкиот крај и од Шара и ја складира како природен резервоар и истовремено ја прочистува. Околу 70 проценти од капацитетот на изворот е од Шар Планина, 20 отсто е од Жеден, додека 10 проценти доаѓа од реката Вардар. Извонредна карактеристика на изворот е тоа што има „инверзен“ карактер, па капацитетот е најголем во лето кога потребата за вода исто така е зголемена. Изворот е „повисок“ 45 метри од Скопје и тоа овозможува водата сама да стигне гравитациски до градот под поволен притисок. Како што вели тој, „скопската вода“ е идеално избалансирана со константна температура во текот на годината. Водата во самите станици и лаборатории се испитува секојдневно и вонредно на два месеци, иако нејзините параметри не се менуваат со децении ниту се појавил одреден негативен индикатор. Првата каптажа е направена во 1836-та година чија вода завршувала во резервоарот кај тврдината Кале, а модерните Рашче 1 со 2.000 литри во секунда и Рашче 2 со 1.000 литри во секунда се формираат во 1961-ва, односно 1980-та со челични цефководи. Должината на подземната акумулација е 10 километри, а Рашче е под утврдени зони на заштита со одлука донесена од Собранието во 1990. Дефинирани се три граници на заштита и активности што се забранети соодветно за секоја зона од полошката котлина. Станува збор за еден од најдобрите три извори во Европа. Филтрацијата по природен пат трае 30 години пред да се испие. Ретко каде е тоа така, а единствено може само Виена да преднички со 100-годишна филтрација.

Ден 18 април 2025

00:01:17