Кале Археолошки локалитет Од најстарите предисториски населби од енеолитот и бронзеното време, преку вековите од железното време, како и со остатоците од различни активности од предримско време, просторот на Калето бил со различен интетнзитет употребуван до вековите пред римската окупација на овие простори. Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од локалното население. По енеолитскиот период има целосен континуитет во сите периоди, но според тоа што го откривме досега, но најинтензивно е живеењето во предтурскиот период. Самата тврдина потекнува од времето на царот Јустинијан I (535). Заради стратешката положба и улога, тврдината низ историјата често била напаѓана и користена од разни завојувачи. Тогаш се гради населба заштитена со високи дебели одбранбени ѕидови и станува најмоќно место во овој регион. Во доцниот среден век, постоеле најмалку три црковни храма. Имено, во времето на српскиот крал Милутин (1282 – 1321 г.) постепено почнува да се издигнува во важен центар на овој дел од Балканот. За ова сведочат грамотите од времето на Милутин и царот Душан (1331 – 1355 г.) каде поименично се спомнуваат сите имоти кои им биле подарени на конкретните манастири во Скопје. Меѓу средновековните цркви кои се наоѓале во утврдениот град Скопје, со својата монументалност, предничел храмот посветен на Св. Богородица Троеручица. Во времето на царот Душан, црквата станала седиште на Скопската Митрополија. Токму во неа, на 16-ти април 1346 година, било извршено крунисувањето на Душан. Подоцна, на 21-ви мај 1349 година, во Скопје бил објавен и познатиот Душанов законик. По паѓањето на Скопје во османлиски раце, во 1392 година, Црквата Богородица Троеручица постепено почнала да го губи својот сјај. Во 30-те години на XVI в. црквата била разрушена. Од времето на кралот Милутин се датира црквата Св.Прокопиј како и манастирот Св. Јован Крстител кои што се наоѓале на скопско Кале. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми. Калето служело низ турскиот период и во поново време за стационирање на месниот гарнизон. Во 1953 г. беа изведени првите археолошки ископувања со кои се констатирани предисториски слоеви на Кале. Експонат од доцното бронзено време од 11-12 век пред нашата ера, керамичко свирче кое се’ уште испушта прекрасен звук во облик на риба. Во земјотресот од 1963 г. тешко страдаа градбите во Калето и обѕидието. Поради тоа, во 1967 г. беа изведени многу обемни ископувања со цел да се истражи, пред cе, обѕидието со неговите бројни фази, како и градбите од внатрешната страна на обѕидието. Тврдината нуди фантастичен панорамски поглед на градот. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави. Наскоро ќе бидат отворени Музеј на праисторијата, Музеј на отоманскиот период и Музејот на средновековната уметност, поставки од периодите на живеењето на скопската тврдина Кале. Музеите подразбираат посебни градби, специјално изградени за презентирање на оригиналните ситуации, амбиенти, предмети и документација од ископувањата на Калето кои се вршеа во континуитет од 2007-2012.
