домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - КАРШИЈАК-ЖЕНСКА НОСИЈА

ГУГУТКА ГУГА – КАРШИЈАК-ЖЕНСКА НОСИЈА

Каршијак – женска носија

Каршијак е наречен јужниот и југозападниот дел десно од реката Вардар. Тука спаѓаат главно селата околу планината Водно и нејзините падини. Основно занимање на ова население е земјоделството и сточарството.

Женската носија од Каршијак е видливо пооскудна во споредба од носиите во соседните предели.

Се носела кошула долга до петите, а над неа елек кој бил околу 10цм покус од кошулата. Елекот бил без ракави, со отворен граден дел, ткаен од волна и украсен со тенки, надолни шарки во различна боја.

Старите жени, наместо елек над кошулата носеле кожув од јагнешка кожа. Тој е долг до колената, со куси ракави до над лактите и со отворени поли што обично се носат завиткани наназад.

Секојдневните фути се прости четириаголни парчиња од волнена ткаенина со напречни шарки, а празничните, особено невестинските, се многу уметнички изработени, на црвена основа со напречни шарки во различни бои. Од двете страни имаат по два ромба еден над друг. Во секој од нив има уште по два ромба.

Ден 18 април 2025

00:01:17