домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - ЗУРЛА

ГУГУТКА ГУГА – ЗУРЛА

Зурлата е  народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Зурлите, исто така, се користат во народната музика од земјите во регионот, особено ЕрменијаБугаријаХрватскаТурцијаАзербејџанИракКурдистанГрцијаАсиријаИранИзраелАвганистанАлбанијаБосна и другите кавкаски земји.

Името зурла дошло преку турскиот збор „zurna, surla”, кој потекнува од персискиот збор сурна(ј) – (сур = прослава + нај = кавал). 

Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во горниот крај.

Зурлата има седум дупки и една палечна дупка од задната страна, како и издувни дупки при долниот дел, и трска со диск на горниот.

При свирење, зурлата се држи со двете раце под агол од ~45° во однос на видното поле. Прстите од левата рака работат со долните четири дупки, додека прстите од десната работат со горните дупки и палечната дупка. Сплесканата трска се става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск (медник) кој им помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент потребна е техника на кружно дишење.

Овој инструмент има карактеристичен, многу гласен и продорен звук и речиси секогаш е придружувана од тапани. Стандардна комбинација се две зурли и два тапана.

Се смета дека зурлата е донесена во Македонија од Блискиот Исток, од Ромите или Турците.

Ден 18 април 2025

00:01:17