домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛО ВРБЕН

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛО ВРБЕН

Врбен е планинско село коешто се наоѓа на јужните падини на планината Враца, во горното сливно подрачје на реката Радика, на надморска височина од 1.260 м. Селото е оддалечено 29 километри од градот Гостивар. Селото е поврзано со асфалтен пат од Маврови Анови, кој понатаму продолжува како макадамски пат до селото Богдево.

Во XIX век, Врбен било село во Реканската каза на Отоманското царство.

На почетокот на XIX век, Врбен, како и останатите села во областа Горна Река, е во активен процес на албанизација. Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Врбен било село со 300 домаќинства, при што населението го сочинувале 450 жители албанци со христијанска и 310 жители Албанци со муслиманска вероисповед.

Според податоците на Васил Кнчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Врбен имало 360 жители Албанци со муслиманска и 300 жители Албанци со христијанска вероисповед.

Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Врбен имало 63 српски куќи.

Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), христијанското население на селото во 1905 година го сочинувале 384 Албанци.

Весникот „Дебарски Глас“ во 1909 година го нарекол Врбен „христијанско арнаутско село“. Во издание на истиот весник од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 150 албански патријаршиски куќи. Притоа, селото било зафатено со српската пропаганда, па така во него имало српско училиште со еден учител, но без ученици.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Врбен како албанско село.

Поради емиграцијата на населението, во Врбен бројот на населението, речиси се преполовил. Така, во 1961 година селото броело 331 жител, од кои 283 биле Македонци, а 37 Албанци, додека во 1994 година бројот се намалил на 180 жители, од кои 172 се Македонци, а 8 жители Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото Врбен живееле 142 жители, од кои 135 Македонци и 7 албанци. Бројот на домаќинства изнесувал 38, а бројот на живеалишта 66.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 132 жители, од кои 118 македонци, 5 албанци и 9 лица без податоци.

Препорака за оние кои за прв пат ќе го посетат ова село, да појдат да ги видат следниве места:

Археолошки наоѓалишта

  • Кожа — сакрален објект од средниот век.

Цркви

Манастири

Реки

Ден 18 април 2025

00:01:17