домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЕЗЕРО ТРЕСКА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЕЗЕРО ТРЕСКА

1978 год.На 26 јули е пуштена во употреба Спортско рекреативното езеро Треска, изградено од средствата од самопридонесот на гарѓаните на Скопје. Езерото се протегаше на површина од 136.000 м2, длабоко од 1,6 до 3 м со капацитет од 10.000 капачи. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година. Општината Сарај во 2021 година ги сруши сите објекти кои беа лоцирани во овој рекреативен центар, под изговор дека ќе се реализира огромна инвестиција. Неколку дена пред презентацијата на новиот ДУП, Општината Сарај им даде рок на сопствениците на стотици камп приколки во кругот на езеро Треска да ги отстранат привремените објекти, бидејќи дотогашните корисници изградиле цврсти градби, што не е дозволено со закон. Сепак, заедно со нив си замина и барем делумната уреденост на локацијата. Посебна тажна слика е испразнетото корито на вештачкото езеро Треска, во кое се израснати растенија, а доколку продолжи ваквата негрижа, наскоро во него може да се очекуваат и дрвја што ќе го разјадат бетонот, наместо вода за капење. Директно одговорни за грижата за езерото Треска, кое со одлука на владата во 2013 година беше префрлено на управување од Градот Скопје на Општина Сарај, се општинските власти, но и скопската градска власт со која ја делат заедничката одговорност за одржување на чистотијата долж течението на реката Треска.

Ден 18 април 2025

00:01:17