домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ

Спомен-биста на Кузман Јосифоски-Питу се наоѓа во дворот училиште „Кузман Јосифовски“. Кузман Јосифовски – Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 – Скопје, 25 февруари 1944), е македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев). По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Живеел во населбата Трнодол, а според официјалната верзија смртно е погоден кај фабриката „Алумина“ од бугарски војник. Поставена е спомен-плоча во населбата Козле, на местото каде што на 25 февруари 1944 година од бугарската полиција бил убиен. На улица Теодоси Гологанов истотака се наоѓа споменик во чест на големиот револуционер изграден од страна на Општина Карпош, во природна големина со плоштад.

Ден 18 април 2025

00:01:17