домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ОРИЕНТ ЕКСПРЕС

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ОРИЕНТ ЕКСПРЕС

Историскиот Ориент Експрес (Orient Express или Orient – Express) во функција бил од 1883 до 2009 година. Најславното време за Ориент Експрес се 30-тите години на минатиот век. Тогаш истовремено во служба биле три линии: Ориент Експрес, Симплон Ориент Експрес и Арлберг Ориент Експрес. Името Ориент Експрес се претворило во синоним за удобно и луксузно патување, како и место за секакви интриги. Негови најчести патници биле благородници, дипломати, деловни луѓе и други патници од високите општествени слоеви. Возот Арлберг Ориент Експрес во служба бил од 1930 до 1962, со прекин помеѓу 1939 и 1945 година поради Втората светска војна. Патеката на движење му била: Париз – Цирих – Инсбрук – Виена – Будимпешта – Белград – Атина. Притоа возот морал да мине низ цела Македонија, следејќи го текот на Вардар од Скопје до Солун. Најславното време за Ориент Експрес се совпаѓа со подемот на А. ден Долард како писател и новинар. Поради сплетот од околности поврзани со македонското прашање, романот предизвикал внимание и во политичките кругови. Книгата не била преведена на ниту еден од балканските јазици

Ден 18 април 2025

00:01:17