домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - КОСТАДИНКА ПАЛАЗОВА

ГУГУТКА ГУГА – КОСТАДИНКА ПАЛАЗОВА

Палазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Таа ја претрпела трагедијата и егзодусот на Македонците од Грција во 1948 година. Од Сехово пребегала во Гевгелија, а од таму била однесена во ГаковоВојводина и таму завршила трето одделение и по нејзина желба се вратила во Вардарскиот дел на Македонија во село Зубовцегостиварско. Работела во книговодство, како и учителка во село Сретково, гостиварско цели 4 години, па потоа како наставничка во Симница каде се запознала со сопругот. Како наставничка продолжила и во ОУ „Братство и Единство“ 20тина години. Со пеењето започнала уште од рана возраст, пеела во хор во Гевгелија и во Гаково. Официјално пред телевизија почнала со ,,Вие пред микрофон” со песната ,,Врни се врни либе Мариче” со која победила и вратите на телевизијата се отвориле за неа. Костадинка пее од 1960тите години. На фестивалот „Роса“ во Универзалната сала во Скопје добила награда за животно дело, 50 годишен јубилеј. Костадинка 8 години живеела и работела во Швајцарија. Повеќето од нејзините песни се врзани за Егејскиот крај како и за Гоце Делчев, на кого е горда, преку 40 песни. Нејзини авторски песни се: Филка мома моле бога, Сношти отидех џанам и многу други. Таа има огрoмен број настапи како во Македонија така и во странство. Најчесто придружувана од Васка ИлиеваЕсма РеџеповаКочо Петровски. Живее во Гостивар. Во 2016 година во Гостивар бил организиран голем велигденски концерт во нејзино име.

Ден 18 април 2025

00:01:17