Јустинијановото право не само што е најважниот историско-правен споменик, туку е синоним и правен извор на денешното современо европско право. 349 год. Како била реализирана идејата на Јустинијан? Настојувајќи да ја врати големината, силата и цврстината на организацијата на старата Римска Империја, која веќе била разнебитена од внатрешни немири и напади на нејзините граници, Јустинијан формирал комисија од 16 правници и ги задолжил да го селектираат и содржински оформат целокупното правно наследство на класичниот период ( ius ) и сите прописи ки ги издале императорите пред него ( leges). Најпрво бил објавен пречистениот зборник на императорските конституции, издадени уште пред Јустинијан (529). Текстот на овој зборник не е зачуван. Потоа во 533 година била објавена кодификација на класичното право под името Digesta (латински поим што означува нешто што е изложено со одреден редослед). Digesta-та е составена од 50 книги: книгите се поделени на поглавја, а поглавјата на фрагменти. Секој фрагмент претставува извадок од дел на некој класичен правник. Подолгите фрагменти се поделени на параграфи. Книгите, поглавјата и фрагментите подоцна се означени со редни броеви. Фрагментите се извадени од околу 1500 книги од 39 најпознати правници. Во Скопје е прогласен Душановиот законик, чија основа е содржана во начелата на Јустинијановиот кодекс.
