Јакобус Хаверин – Народната банка на Република Македонија во Скопје го има ексклузивното право на печатење и издавање на нашата валута, и во апоени од 100 денари од 1996 во позадина е Гравура на градот Скопје од 1594 година, дело на холандскиот графичар Јакобус Хаверин. Гравурата денес се чува во Нинберг, Германија. На гравурата се гледаат тогашните Долни град и Виргинската ливада, додека некои извори сметаат дека оваа е слика од спротивната страна и на неа се гледа реката Серава. Се среќаваме со едно од останатите имиња на градот: Scopia. Оваа слика како и самиот локалитет се уште се истражува, но сигурно е дека ова е можеби најбитната точка на идентитетот на Скопје. Во текот на XIII век, по примерот на другите византиски метрополи, Скопје го добива својот прв своевиден трговски центар – монументален трговски занаетчиски објект, кој во тоа време претставувал една од најголемите и најскапи инвестиции на само во Скопје, туку и во поголемиот дел на Балканот. Овој објект, кој целосно е видлив на познатата гравура на холандскиот графичар Јакобус чии последни остатоци биле разурнати дури во првите децении на овој век, се наоѓал во јужниот дел на Доленград, во близина на бедемот покрај кој минувале заштитниот канал со вода и корита на Лепенец и на Вардар. Објектот имал 15 издолжени сводови, под кои се наоѓал голем простор од, најверојатно, околу 1.200 м2.
