домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЈАХЈА КЕМАЛ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЈАХЈА КЕМАЛ

Јахја Кемал Бејатли (роден на 2 декември 1884 во Скопје – 1 ноември 1958 во Истанбул) бил турски поет и политичар. Јахја Кемал Бејатли е роден во Скопје, каде што живеел до својата осумнаесет годишна возраст, по што се преселил во Истанбул. Јахја Кемал Бејатли своето средно образование го завршил во Истанбул. По ова заминал да учи политички науки во Париз, Франција. Во 1912 година се вратил во Истанбул. Во периодот од 1915 до 1923 година работел како универзитетски професор. Во 1923 година станал пратеник во новата турска република. Во турските амбасади работел во периодот од 1926 до 1935 година во градовите Варшава и Мадрид. По своето враќање во Турција, повторно станал пратеник, до 1946 година. Јахја Кемал Бејатли се смета за еден од основоположниците на современата турска поезија. Се прославил уште додека бил жив, но не објавил ниту една своја книга. Дури по неговата смрт се објавени неговите дела, меѓу кои се и “Нашето небо”, “Со ветрот на старата песна” “Возвишен Истанбул”, “Разговори за историјата”, “Наведнете се планини”. Турскиот културен центар “Јунус Емре” во Скопје, од своето основање во 2010 година, преку своето работење и организираните активности во Република Македонија ја промовира турската цивилизација. Оваа институција претставува чекор на “културна дипломатија” во однос на промовирање на турскиот јазик, турската култура, историја и уметност низ целиот свет. Културните центри,кои денес ги има на 45 места во светот, во своите региони ја создаваат турска атмосфера и станале еден од прозорците на Турција, која има направено голем напредок и големи достигнувања во областа на економијата, науката и интелектуален план.

Ден 18 април 2025

00:01:17