домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА - ЧЕЛОПЕК

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА – ЧЕЛОПЕК

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, на десниот брег на Вардар, во подножјето на Сува Гора, меѓу селата Милетино и Брвеница. Селото е ридско чии куќи се издигаат на надморска височина од 500 до 600 метри. Селото има полјоделска – шумарска функција.

Името на село Челопек на македонски етимолошки означува „место каде што сонцето секогаш го удира твоето чело” заради тоа што селото е секогаш изложено на сонце. Селото Челопек датира уште од раната антика. Во селото се пронајдени антички македонски керамички садови и остатоци кои датираат од 7 век п.н.е. Жителите Албанци (Арнаути) се доселуваат во селото од Гургурница и од Седларево уште во отоманскиот период по налог на пашата за контрола на христијанското македонско население кое живеело таму. Црквата Св. Никола датира уште од XIV век. Легендата вели дека во селото постоела прекрасна Македонка која се нарекувала Евридика и во која се заљубил турскиот паша. Селаните не му дозволувале да ја земе за жена, но се согласиле тој да ја земе доколку им изгради црква. Тој на селаните им дал едно руво од вол и им наредил да ја изградат црквата онолку колку што може да го оптегнат рувото. Паметните селани, рувото го исекле на повеќе парчиња и го распределиле на поголема територија и така кога пашата видел дека селаните биле попаметни од него, им дозволил да ја изградат црквата колкава што сакаат. Кога Евридика отишла во домот на Турчинот, таа го убила, и неговиот гроб сè уште постои на турските гробишта во селото. Во понов период турското население кое живеело сè уште таму се албанизирало, и сега селото брои околу 5.000 жители Албанци и околу 500 Македонци.

Во селото има основно училиште, амбуланта, пошта, земјоделска задруга, споменик за НОБ и услужни објекти.

Оние кои за прв пат ќе појдат во посета на ова село, можат да ги видат:

Брежине-населба и некропола од доцно-античкото време.

Ден 18 април 2025

00:01:17