домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ-ЈАСЕН

АЗБУКА НА СКОПЈЕ-ЈАСЕН

Јасен Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје “Јасен” – Скопје спаѓа во категоријата на посебни природни предели. “Јасен” во неговиот простор, заради разновидноста на геморфолошките појави и автентичноста на фауната и на флората е од исклучително значење за Република Македонија, бидејќи претставува свет од поширокиот простор на Европа. Значајните растителни подрачја (Important Plant Areas) се најважните места во светот за дивите растителни видови. Површината на “Јасен” изнесува 31.127 хектари, иако како правен субјект е единствен, тој во територијална смисла и распространетост, може да го поделиме на неколку дела: КУЛА – викан според местото, со територија од над 18.000 ха, ИВАЊЕ (влегува и КАЊОНОТ МАТКА) – со површина од над 6.000 ха, КАТЛАНОВО (во чиј склоп влегува Катлановско Блато) – со над 7.000 ха, Од вкупната површина на резерватот за ловно стопанисување се издвоени 83%. Државното ловиште “Јасен I” се протега на вкупна површина од 6.980 ха, со разновидна структура. Од крупниот дивеч во ловиштето се застапени: срни, муфлони, диви свињи и друг дивеч, дел е под заштита, а дел на слобода. Има вкупна површина од 20 969 ха. Во рамките на ловиштето се среќаваат голем број на ретки, ендемични и загрозени видови од животинскиот свет. Поголемиот број на дивеч се наоѓа во отворениот дел на ловиштето, кадешто со најголем број се застапени дивокози. Ловиштето во светот е познато по дивата коза, а во Европа по дивата свиња. Ловниот туризам, на “Јасен” се рангира меѓу првите три во светот според пакет услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација. Секоја година капацитетите максимално се исполнети со ВИП гости.Јасен Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје “Јасен” – Скопје спаѓа во категоријата на посебни природни предели. “Јасен” во неговиот простор, заради разновидноста на геморфолошките појави и автентичноста на фауната и на флората е од исклучително значење за Република Македонија, бидејќи претставува свет од поширокиот простор на Европа. Значајните растителни подрачја (Important Plant Areas) се најважните места во светот за дивите растителни видови. Површината на “Јасен” изнесува 31.127 хектари, иако како правен субјект е единствен, тој во територијална смисла и распространетост, може да го поделиме на неколку дела: КУЛА – викан според местото, со територија од над 18.000 ха, ИВАЊЕ (влегува и КАЊОНОТ МАТКА) – со површина од над 6.000 ха, КАТЛАНОВО (во чиј склоп влегува Катлановско Блато) – со над 7.000 ха, Од вкупната површина на резерватот за ловно стопанисување се издвоени 83%. Државното ловиште “Јасен I” се протега на вкупна површина од 6.980 ха, со разновидна структура. Од крупниот дивеч во ловиштето се застапени: срни, муфлони, диви свињи и друг дивеч, дел е под заштита, а дел на слобода. Има вкупна површина од 20 969 ха. Во рамките на ловиштето се среќаваат голем број на ретки, ендемични и загрозени видови од животинскиот свет. Поголемиот број на дивеч се наоѓа во отворениот дел на ловиштето, кадешто со најголем број се застапени дивокози. Ловиштето во светот е познато по дивата коза, а во Европа по дивата свиња. Ловниот туризам, на “Јасен” се рангира меѓу првите три во светот според пакет услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација. Секоја година капацитетите максимално се исполнети со ВИП гости.

Ден 18 април 2025

00:01:17