домаПОГОДОКОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО ДОМОТ НА НФЛ-SВЕЗДАТА - ПОЧИНА НЕГОВАТА ЕДНОГОДИШНА ЌЕРКА

ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО ДОМОТ НА НФЛ-SВЕЗДАТА – ПОЧИНА НЕГОВАТА ЕДНОГОДИШНА ЌЕРКА

Голема тага го погоди домот на ЕНЕФЕЛ-ѕвездата Чарвариус Вoрд откако почина неговата едногодишна ќерка Амани Џој.

Амани Џој ја загуби тешката борба за живот која траеше од самото раѓање. Таа беше родена предвреме, имаше Даунов синдром и две дупки во срцето.

Бекот на Сан Франциско ја сподели својата емотивна изјава за трагедијата на социјалните мрежи:

„Нашите срца се скршени затоа што нашето прекрасно девојче Амани Џој почина во понеделникот наутро. Таа беше најголемиот благослов кој можевме да го посакаме, а нејзиниот весел дух нè насмевнуваше од уво до уво. Таа нè научи на трпение, доверба и позитивен став кон животот. Ни покажа вистинска сила и храброст“, напиша Вoрд, некогашен шампион во најсилната лига во американскиот фудбал.

Ден 18 април 2025

00:01:17