домаПОГОДОКЧЕЛЗИ МОЌЕН ВО АТИНА - ПОБЕДИ ЗА ТИМОВИТЕ НА ЧУРЛИНОВ, НИКОЛОВ И...

ЧЕЛЗИ МОЌЕН ВО АТИНА – ПОБЕДИ ЗА ТИМОВИТЕ НА ЧУРЛИНОВ, НИКОЛОВ И ШИШКОВСКИ

Јагелонија, тимот на Дарко Чурлинов, го победи молдавскиот Петрокуб со два нула во второто коло од Конференциската лига. Стрелец на двата гола за полскиот тим беше Пулулу, а Чурлинов беше стартер и играше до седумдесет и осмата минута.

Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов оствари триумф од нула еден на гости кај АПОЕЛ на Кипар. Николов доби шанса во педесет и осмата минута, а Шишковски остана на клупата за резерви. Австриецот Стефан Савиќ во шеесет и третата минута го постигна победничкиот гол за Борац Бања Лука.

Ден 18 април 2025

00:01:17