домаПОГОДОКБАЕРН СО 9:2 ГО ПОБЕДИ ДИНАМО - СЕПАК ХРВАТСКИОТ ТИМ Е ПРЕД...

БАЕРН СО 9:2 ГО ПОБЕДИ ДИНАМО – СЕПАК ХРВАТСКИОТ ТИМ Е ПРЕД БАВАРЦИТЕ НА ТАБЕЛАТА ВО ЛШ

По комплетирањето на третото коло во новиот формат од Лигата на шампионите, табелата делува по малку необично. Астон вила, која повеќе од четириесет години не била дел од елитното европско друштво, е лидер на триесет и шесте екипи. Тимот од Бирмингам има максимални девет бода и уште нема примено ниту еден гол.

Зад Астон вила следуваат уште два клуба од Премиер лигата. Ливерпул исто така е перфектен со девет бода, а Манчестер сити е трет со седум бода. Место во Топ осум за екипите кои ќе обезбедат директно место меѓу најдобрите шеснаесет има и за француските екипи Монако и Брест, за германскиот првак Баер Леверкузен, за италијанскиот шампион Интер и за португалскиот Спортинг Лисабон. Необично делува меѓу најдобрите да нема ниту една екипа од Шпанија.

Ден 18 април 2025

00:01:17