На 27 октомври во село Кучково, Општина Ѓорче Петров, ќе се одржи четвртата трка со препреки во Македонија, организирана од Спортското здружение Отаку. Натпреварувачите ќе совладуваат 13 км планинска патека со 18 препреки, вклучувајќи кал, стрмнини и високи ѕидови. Настанот започнува во 11 часот, а на крајот ќе следи церемонија за наградување на најдобрите.
