домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЅВЕЗДА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“/ЧИНАРОТ ВО ОХРИД

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЅВЕЗДА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“/ЧИНАРОТ ВО ОХРИД

⦁ Чинарот во Охрид е еден од петте нови природни реткоски прогласени од Министерот за животна средина и просторно планирање (Сл. весник Број 174 од 22 август 2019г.) Според народните преданија и легендите, чинарот во центарот на Охрид расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век) иако стручните лица велат дека најверојатната старост е околу 6 века ./1.380/
⦁ Од 5 октомври 2009 година ѕвездата со астрономски број и координати RA 21h 53m 39s D 15′ 49” во соѕвездието “Pegasus“ официјално го доби името “Тодор Тоше Проески“. Оваа ѕвезда трајно е запишана во Меѓународниот регистер на ѕвезди во Швајцарија. Оригиналот од Сертификатот за меѓу­народно именуваната ѕвезда со името на Тоше, од страна на делегација на Интернационалниот фан клуб “Тоше Проески“ им беше предаден на родителите на Тоше во Крушево. Со цел Ѕвездата “Тодор Тоше Проески“ да можат да ја видат што поголем број заинтересирани, членови­те на Интернационалниот фан клуб “Тоше Проески“ овој зафат го заокружија купувајќи современ телескоп кој е поставен во Манастирскиот комплекс “Св. Прео­бражение“ во близината на Крушево.

Ден 18 април 2025

00:01:17