домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЗООЛОШКА ГРАДИНА/ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЗООЛОШКА ГРАДИНА/ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

  • Скопската зоолошка на 1-ви септември ќе полни 93 години. Формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни. Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи).
  • Секоја осма црква во Македонија ѝ е посветена на пресвета Богородица, а секое петто семејство оваа светителка ја празнува како домашна слава. Речиси и да нема село или град во земјава каде што не се слави името на мајката Божја. Според пресметката на вкупниот број на цркви во државата, околу 235 цркви го носат името на Богородица, а повеќето од нив се посветени на нејзиното Успение, празник што се одбележува секоја година, на 28 август

Ден 18 април 2025

00:01:17