домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЗЛАТНА ПОСМРТНА МАСКА/ПРВ АВТОМОБИЛ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЗЛАТНА ПОСМРТНА МАСКА/ПРВ АВТОМОБИЛ

⦁ Златната посмртна маска од V в.п.н.е. пронајдена е на 30 септември 2002 до Самуиловата тврдина со: 988 предмети за употреба, 352 парчиња накит од килибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато, 297 дела од оружје и орудие, 57 теракотни фигурини, 1.211 монети. Најдени се во гроб каде што погребувањето било извршено со кремирање – спалување на покојниците. Две тела биле положени во гробот – ракавицата со прстен припаѓала на возрасен маж, а маската – на девојче. Тоа е петта посмртна маска пронајдена кај нас, истите се наоѓаат во Археолошкиот музеј во Софија, Бугарија, во Народниот музеј во Белград, а оваа е сместена во Заводот и Музеј Охрид.
⦁ Готлиб Вилхелм Дајмлер (17 март 1834 – 6 март 1900), во 1883 го конструирал првиот автомобилски бензински мотор. Првите автомобили “Рено” и “Форд” во Скопје биле донесени во 1911 година. Први сопственици на автомобили во Скопје биле индустријалци, трговци и лекари. Во 1927 година на плоштадот била отворена бензинската пумпа “Shell”.

Ден 18 април 2025

00:01:17