домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Земјотресот во Скопје/Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија/Скупи

Дали знаете? – Земјотресот во Скопје/Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија/Скупи

Според познатите податоци, во земјотресот загинале 120 деца. За да биде евакуирањето поорганизирано, било формирано Одделение за народна одбрана при Градското собрание, сместено на игралиштето на ФК Работнички, а со евакуација биле опфатени неактивните жители: жени, стари и изнемоштени, инвалиди и сите деца до 15 годишна возраст. Вкупно 105.000 лица биле евакуирани по земјотресот, од кои околу 30 илјади биле деца. Дел од евакуираните (63.200 лица) заминале кај свои роднини и пријатели во внатрешноста на Македонија, а 41.743 биле распоредени во другите југословенски републики. Така, во деновите по земјотресот, Скопје станал град без деца.
Во 1965 година, по препорака на ОН, во Скопје е формиран институт за земјотресно инженерство и сеизмологија. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, врши континуирана едукација на кадри од земјата и од странство од области кои се поврзани со развојот и унапредувањето на модерната технологија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик. УКИМ-ИЗИИС со право може да се гордее дека првите магистерски студии во Република Македонија биле организирани и реализирани токму на ИЗИИС.
СКУПИ со своите 43 хектари Скупи /Colonia Flavia Scupinorum/ било 2 пати поголемо од Стоби, пет пати од Хераклеја кај Битола или девет пати од Баргала кај Штип. Во 1883 год. англискиот истражувач Артур Еванс престојувал во Скопје и ги регистрирал римските бедеми на Зајчев Рид, кој ги објаснил како остатоци од акрополата на Скупи. Археолошките ископувања официјално започнуваат во 1930-те години, додека локалитетот за прв пат се заштитува како културно наследство по земјотресот во 1963. Градот Скупи најверојатно не бил поштеден од стравотните разурнувачки напади на Хуните во 447 год., а во 518 г. Скупи настрадал во катастрофален земјотрес, забележан во Хрониката на Марцелин Комес. По 518 г. престанува урбаното живеење на римскиот град Скупи, иако постојат индиции дека животот во облик на помала словенска рурална населба продолжил се до X- XI век од н.е.

Ден 18 април 2025

00:01:17