Земјотресот со епицентар помеѓу Пехчево и Кресна, што се води како најсилен на Балканот и еден од најсилните во Европа откако се вршат современи мерења, се случил во претпладневните часови на 4 април 1904 година, предизвикал големи штети во радиус од 40 километри, од него бил оштетен и Рилскиот манастир, а еден загинат имало дури и во Солун. Сепак, бидејќи на потресот тој ден му претходел еден нешто помал, луѓето веќе биле излезени од домовите и бројот на загинатите е релативно мал за толку силен земјотрес. Се смета како најсилен земјотрес на Балканот и еден од најсилните во Европа откако се вршат современи мерења. Имал интензитет од десет степени по Меркалиевата скала и магнитуда од 7, 5 по Рихтер, па бил многу посилен од, на пример, скопскиот во 1963 година.
Свети Стефан е мала пештерска црква која се наоѓа на 5 км јужно од Охрид. Потекнува од средината на IX век и по неа е наречен целиот овој туристички комплекс, кој е најголем на целата охридска ривиера. Свети Стефан е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис и тоа благодарение на помошта на широкиот круг ктитори од Охрид и од околината. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид. Свети Стефан по многу нешта е уникатен црковно манастирски комплекс на Охридското крајбрежје. Сепак, она што посебно е карактеристично за пештерската црква посветена на Св. Стефан, е Божјото око. Тоа е редок симбол по кој е препознатлив овој охридски манастирски комплекс со импресивна местоположба и неповторлив живопис. Пред две години, во манастирскиот комплекс беа осветени новите и современи конаци кои пружаат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро.
