домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Впечатоците на Ребека Вест за црква Свети Панталејмон во...

Дали знаете? – Впечатоците на Ребека Вест за црква Свети Панталејмон во Нерези

Ребека Вест ќе напише дека нејзе неверојатно многу од позите на ликовите од нерешките фрески ѝ личеле на сличните во Равена и во Рим? Сето што таа го видела во Македонија, самата ќе го нарече македонско естетско чудо, го споредува со највисоките вредности и личности во светската култура, со врвовите до кој допреле еден Шекспир или Гете. Во Нерези, стоејќи пред фреската на која малечкиот Исус го бања „жена што е фурија“, нерешка фреска ја споредува со една песна на Вилијам Блејк. За таа иста жена и за тоа исто дете овој голем англиски мистичен поет и сликар ќе рече во својата песна дека кога роденото детенце ѝ го даваат на една стара жена, таа, откако ќе го избања, ќе го закове на ѕидот; потем околу главата ќе му врзе железни трње; ќе му ги пробие нозете и рацете; ќе му го извади срцето за тоа да сети топли и студени маки… Ете, токму тоа го гледа Ребека Вест на фреската во Нерези. При сето тоа таа ќе утврди дека песната на Блејк и фреската од Нерези не можат, а да не бидат дело на ист човечки ум. Всушност, таа сака да рече дека генијот на нерешкиот зограф што ја создал фреската е рамносилен на генијот на поетот што ја создал песната, но и на Шекспир и Гете.

Ден 18 април 2025

00:01:17