Дали знаете? – Витачево и Конопиште
- Висорамнината Витачево, дел од вулканското езеро е резултат од некогашната активност на вулканите. За време на егзистирање на езерото, постоеле низа вулкански кратери кои, пред 10 милиони години биле многу активни. Тие исфрлале големи количества материјал, пепел, лава, вулкански парчиња, кои се таложеле на дното на езерото. Последната фаза било неговото истекување по речните долини, кои се создале заради тектонските движења и пореметувања. На платото е откриено големо количество од една стена наречена “пемза”, која наоѓа примена во производството на абразивни материјали, детергенти и во индуструјата за белење.
- Во село Конопиште се наоѓа земјениот столб со пречник околу 2 метра и висина од 7 – 8 метри, еден од овдешните најважни феномени. Тој претставува дел од групата на земјени столбови, денутациони форми, кои се создадени под дејство на ерозијата, водите и атмосферските фактори. Во месноста наречена “кањите” во областа Бошавија, постојат уште неколку вакви столбови кои претставуваа природна реткост. Вакви форми се ретки на Балканскиот полуостров. Столбовите на врвот имаат еден дел т.н. “капа”, кој е составен од поцврста карпа, и во зависност од нејзината големина, се формира и дебелината на столбот.