домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Црквата на сите Светители и денот на египќаните

Дали знаете? – Црквата на сите Светители и денот на египќаните

Сите Светители е манастирска црква на Лешанскиот манастир, сместен во охридското село Лешани. Всушност се работи за две истоимени цркви подигнати во различно време посветени на Сите Светци. Старата манастирска црква била изградена во 1452 година на темели на постара црква од IX век, додека новата поголема црква веднаш до нејзе е подигната во 1911 година на темели на црква XII век. Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.


24 Јуни е денот кога се одбележува меѓународниот ден на Балканските Египќани, со што се потсетува на повеќе децениската борба за подобар и подостоинсвен живот на припадниците на оваа заедница. Египќаните на Балканот се дојдени како колонисти да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓаат на семејството на семитско-хамитски народи, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е изгубен. За колонизацијата на Египќани на Балканот има сведоштва скоро кај сите антички автори, но и богато археолошко наследство. За време на преродбеништвото во 19. век. Египќаните за прв пат се спомнуваат во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград во 1867 година, а текстот е пишуван од еден Египќанец од Прилеп. Денес се препоставува дека на Балканот живеат околу еден милион Египќани, најповеќе ги има во Грција, Албанија, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но ги има и во Турција и Бугарија.

Ден 18 април 2025

00:01:17