Двојна црква Св.Ѓорѓија и Св.Никола, Сув орах, Старо Нагоричане е Двокорабна црква со две тристрани апсиди на источната фасада. По својата архитектонска градба преставува редок пример а можеби и уникатен на територијата на Македонија и пошироко на Балканот. Ентериерот на црквата е поделен со два аркадни премини на јужен и северен кораб. Корабите се засводени со полукружен свод. Северниот и јужниот ѕид на црквата е разигран со по три слепи архиволти поврзани со пиластри. Се работи за црква од постар период, односно од крајот на XVI или од самиот почеток на XVII век. Во северниот кораб се насликани сцени од Христовите страдања, а во јужниот, сцени од Големите празници. Ѕидното сликарство во северниот кораб е постаро, датира од исто време со изградба на црквата, од крај на XVI или на почеток на XVII век, а во јужниот кораб од понов период, од 1873 година. И двата кораби поседуваат дрвени високи иконостаси од 1893 година. Карактеристични се дверите од јужниот кораб, бидејќи според резбарската техника потекнуваат од втората половина на XVI век, од скопско-призренската работилница.
Има Легенда врзана за изградбата на старата црква „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане од византискиот император Роман IV Диоген во 11 век. Се смета дека првата црква е изградена како храм на благодарност кон пустиникот и светител Прохор Пчињски, за кого се претпоставува дека престојувал во пештера во близината на црквата. Според легендата, која сѐ уште е жива меѓу локалното население, Роман Диоген ловејќи по околните шуми ранил срна, која побегнала во пештерата во која таа живеела со светецот. Диоген следејќи ја трагата на крвта стигнал до засолништето на старецот, кој го замолил да не ја убива срната. Тој му прорекол дека кога ќе се врати во Цариград ќе стане византиски цар. Откако пророштвото се обвистинило, Диоген во знак на благодарност ја подигнал црквата
