домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЦРКВА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА/АРХИЕПИСКОПСКИ МУЗЕЈ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЦРКВА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА/АРХИЕПИСКОПСКИ МУЗЕЈ

⦁ Црквата Пресвета Богородица Привлептос (односно Пресвета Богородица, онаа што гледа сѐ) се наоѓа во Охрид, Македонија. Црквата била изградена пред 1295 година. Централно место на западниот дел на ѕидот во наосот на црквата зазема композицијата “Успение на Богородица”. Во горната зона, над Богородичниот циклус, претставени се сцени кои го прикажуваат животот и маките на Христос. А веднаш до прозорецот 4 лица (четирите страни на светот), по две од двете страни -бела, црна, жолта и она што е најинтересно црвена раса, која во тоа време живее исклучиво на Америчкиот континент, а тој во тоа време не е откриен и познат на јавноста.
⦁ На 8 октомври 1793 во Париз за публиката бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. Но малце познато е дека Архиепископскиот музеј во припратата на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ е отворен во 1516 година и се смета за еден од најстарите музеи во светот. Отворен е повеќе од два века пред Британскиот музеј во Лондон (1759 г.) и парискиот „Лувр“(1793 г.). Најверојатно овој музеј, во изменети услови, функционирал и по укинувањето на Охридската архиепископија (1767 г.) сѐ до Првата светска војна, кога многу антиквитети со историско-уметнички вредности биле незаконски однесени, меѓу кои се наоѓал и печатот.

Ден 18 април 2025

00:01:17