домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЦАР ДУШАН/8 СЕПТЕМВРИ/ДАРКО ПАНЧЕВ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЦАР ДУШАН/8 СЕПТЕМВРИ/ДАРКО ПАНЧЕВ

Стефан Душан бил роден околу 1308 год. На дваесетидвегодишна возраст бил избран за српски крал. Тој најпрвин го отстранил од власт неговиот татко Стефан Дечански кој се наоѓал во Петрич. Така, Стефан Душан се прогласил за крал на 8 септември 1331 година, во Скопје.
На 8 септември 1991 година во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа: “Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71, 85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95, 09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.
Дарко Панчев (роден на 7 септември 1965 година во Скопје) е еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Златната копачка на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на Европа ја заслужил во 1991 година кога во Југословенското првенство постигнал 34 гола. Ја примил на 4 август 2006 во Скопје, лично од Мишел Платини.

Ден 18 април 2025

00:01:17