домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Троја и Духовден

Дали знаете? – Троја и Духовден

Потпирајќи се на хомеровите спевови “Илијада” и “Одисеја”, овој град го открил Хајнрих Шлиман во 1868 година, на брегот Хисарлик, каде копал заедно со Дерпфелд. Но Троја е и археолошки локалитет во дебарското село Спас. Локалитетот претставува доцноантичка некропола. Се наоѓа на северозападната периферија на селото, на благо зарамнета тераса, каде при поставувањето на топли леи биле откриени гробови – тип циста. По површината на теренот се гледаат фрагменти од камени плочи, делумно обработени, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови
Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден). Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Не случајно во Светото писмо на Новиот завет Македонија и Македонците се спомнати 27 пати во 24 стиха. Македонија 21 пат, Македонец/ци/те 5 пати, македонски еднаш. Низ 7 книги во Библијата – во Новиот завет, од вкупно 27-те книги, запишани од апостол Павле 16 пати во 6 книги и од апостолот Лука 11 пати во 1 книга. По Израел и Евреите, најмногу споменувани во Библијата се Македонија и Македонците.

Ден 18 април 2025

00:01:17