Тони Вода претставува огромно карстно поле, второ по големина на висорамнина на планина Бистра. Се наоѓа помеѓу Маврово и врвот Царевец на североисток и Галичник и врвот Меденица на југозапад и низ него минува асфалтниот пат кој ги поврзува овие две места. Позната е како Тонивода поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува меѓу камењата и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец. Поради константната загуба на вода, за време на доцната пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди без врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода.
Нестор Алексиев Мирчевски од државниот врв во 1946 година добил задача за 21 ден да изработи саркофаг за да се пренесат моштите на Гоце Делчев од Софија. За да го изработи саркофагот во рокот, работеше ден и ноќ. Подножјето на ковчегот го сочинуваат четири лавовски шепи тетра под со профирано цокле од сите страни со една вдлабнатина и две издадени хоризонтали. На предната страна во средината на барокниот медалјон има лаворов венец – симбол на победата, а во него е претставен ликот на Гоце Делчев. На страните се претставени тогашните грбови на Југославија и на Македонија. На задната страна врежана е симболичната порака на македонското знаме „Смрт или слобода“ од револуционерниот комитет. Пред да ја заврши резбата на ковчегот маката му била што во дотогашната работа во вакви случаи секогаш ставал крст. Дилемата му била дали во постојната политичка констелација смее да се изработи крст на саркофагот. Споделувајќи ја маката со присутните, ја добил поддршката и на рачката на капакот изрезбал стилизиран крст украсен со лисја.
