Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.
Црквата Свeта Софија во Охрид е подигната по големата мисија на Св. Кирил и Методиј врз темелите на стара сакрална градба. Најверојатно таа служела како катедрала уште во времето на цар Самуил, кој кон крајот на X век својата престолнина ја пренел од Преспа во Охрид. Според други извори пак, на истото место во времето на царот Самуил постоела црква, која од непознати причини била разурната. Внатрешноста на црквата е зачувана со нејзините фрески од XI век, XII и XIII век, кои го претставуваат врвот на византиското фрескосликарство во своето време. Меѓу овие великодостојници се и ликовите на словенските просветители – Св. Кирил Филозоф, Св. Методиј и нивниот ученик Св. Климент Охридски – на јужниот ѕид од ѓакониконот.
