домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? Свети Ѓорѓи, с.Бањани и Кремен шилец

Дали знаете? Свети Ѓорѓи, с.Бањани и Кремен шилец

  • Црквата Свети Ѓорѓи е главна селска црква во скопското село Бањане. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. Како што е наведена и на натписот над влезот во црквата, градбата потекнува од 1549 година.Таа е завршена во време на султанот Сулејман. Својот живопис го добила истата година кога и завршена нејзината градба, односно во 1549 година. Во 1846 година бил изведен нов живопис во црквата од страна на Дичо Зограф. На северниот и западниот ѕид насликал светители во цел раст, додека на западната страна најголемо внимание привлекува композицијата „Страшниот суд“, која зафаќа половина од насликаниот простор. Токму оваа композиција го привлекува вниманието поради тоа што на нејзе се наоѓа насликан и Александар Македонски.
  • Кремениот шилец е пронајден во пештерата Голема Пешт покрај езерото Козјак, населена со неандерталци, блиски роднини на современиот човек (homo sapiens), кои живееле таму од 100 000 до 60 000 години пр.н.е. Шилецот се врзувал за врвот на дрвеното копје со кое се ловеле диви животни – елени, кози, свињи, мечки – основната храна на овдешните неандерталци. Во пештерата се пронајдени над 6.000 предмети, меѓу кои и орудија. Пронајдени се 4.900 животински коски. Со овие откритија ова станува најстаро археолошко наоѓалиште во земјава и се потврдува автохтоноста на населението на територијата на Македонија, дека тие имале корен, потекнувале одовде, што е особено важен показател за континуитетот на живеењето на оваа територи.

Ден 18 април 2025

00:01:17