домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - СВ.БОГОРОДИЦА ТРОЕРАЧИЦА

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – СВ.БОГОРОДИЦА ТРОЕРАЧИЦА

Света Богородица со три раце или Дамаскиновата икона на Богородица, Свети Сава по враќање од Ерусалиум ја пренел и поклонил на црквата Света Богородица на Кале, Скопје. Затоа храмот и градот ја имале како Paladion – заштитничка. Дамаскиновата икона на Богородица, според древното предание, е насликана од свети Јован Дамаскин во благодарност на Пресвета Богородица за чудесното исцелување на неговата десна рака. Св. Јован Дамаскин прими монаштво во манастирот на свети Сава Осветен и таму ја подари неговата чудотворна икона. За време на Отоманските освојувања на овие простори, некои христијани кои сакаа да ја заштитат иконата, ја ставија на магаре, без водач, и тоа застанало пред Хиландар. Монасите ја ставиле иконата во манастирската соборна црква. За време на нередите поради изборот на игумен, Богородица ја ставиле на чело на манастирот, и од тоа време нејзината света икона е на игуменското место во храмот. Во манастирот Хиландар е избран само заменик, и монасите земаат благослов од иконата за секое свое послушание.

Ден 18 април 2025

00:01:17