домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ - РАДОЖДА/ЈОСИФ МИХАЈЛОВИЌ - ЈУРУКОВСКИ
ДАЛИ ЗНАЕТЕ – СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – РАДОЖДА/ЈОСИФ МИХАЈЛОВИЌ – ЈУРУКОВСКИ
- Во пештерската црква „Св. Архангел Михаил“ Радожда се наоѓа најстарата и единствена композиција на библиската сцена „Чудото во Хона“ од 13 век. На фреската се гледа ликот на монахот Архитос, извонредно зачуван, со зелени и сини бои. Зачувани се и сигнатурите со името на светецот. Архангел Михаил е претставен во местото Хона, неговото светилиште, како отвора низ карпите цепнатина во која ќе се изгубат матните води на паганите упатени кон исцелителниот извор на светецот. Оваа ретка сцена од Радожда се вбројува меѓу најстарите претстави на “Чудото во Хона” во ѕидното сликарство на целокупната христијанска уметност.
- Јосиф Михајловиќ – Јурукоски /1887 – 1941/ во 1929 година, бил назначен за градоначалник на Скопје, каде останал на должност до 1936 година. По мал прекин повторно од 1939 ја зел истата функција на која останал до крајот на својот живот. Се занимавал и со архитектонско проектирање. Негови реализирани проекти се: 1930 год.- Црвен Крст – Скопје, 1936 год.-Станбена зграда п+3, на аголот на улица „Раде Кончар” и „Дебарска”, во Скопје, 1939 год.-Фабриката за текстил на патот кон Куманово (индустриска зона Скопје) 1939 год.-Сопствената индивидуална куќа ( Македонска куќа, денес Албанска Амбасада) 1939 год.-Јавната берза на трудот на бул. „Кочо Рацин”.