домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Споменици од Скупи / Хируршки инструменти

Дали знаете? – Споменици од Скупи / Хируршки инструменти

  • Збирката од литографски споменици пред Музејот на Град Скопје е составена од триесетина камени споменици од градот Скупи, откриени во локалитетот во подножјето на Зајчев рид, на само 5 km од денешниот центар на градот. Преку овие камени споменици може да се направи хронолошки пресек низ материјалната и духовната култура во римскиот период од I до III век, а одбрани се ексклузивни, раритетни предмети со голема естетика, материјална, историска и археолошка вредност, споменици кои се разликуваат според намената и поводот поради кој биле подигнати, според материјалот и според статусот на личностите на кои им биле посветени. Интересен е податокот дека четирите гробни ковчези веднаш пред влезот во Музејот биле откриени во една од најурбаните населби на денешно Скопје, во Карпош 3, во околината на денешниот трговски центар во таа населба.
  • Во Градскиот музеј во витрини се изложени хируршки инструменти на хирургот од Скупи кои потврдуваат дека медицината била на високо ниво. Хирургот од Скопје вршел операции сложени и за денешната медицина, за кое постојат сериозни индиции. Во гробот на хирургот од Скупи се најдени бројни наоди. Лекарот-хирург, според наодите во неговиот гроб, се служел со: железен скалпел, медицински прибор од бронзено садче, капсула, медицинско огледало, потоа чаша, бронзен сад, црпалка, две паници со лажици направени од коска, кантар, други инструменти, стаклено шише, прибор за козметика, коскено кутивче, огледало со рачка, рачка од бокал со лик на него, питера, метална ампула, алабастрон, камена палета, коскена статла и др. Сите наведени наоди можат да се видат во витрините на Музејот на град Скопје во старата железничка станица. Не случајно Асклепиевата заклетва и фармацевтскиот знак се појавиле во Македонија. Скупи е само еден пример на продолжената високоразвиена медицина.

Ден 18 април 2025

00:01:17