Се вели дека во рајот постоеле две дрвја – смоква и маслинка. Смоквата претставува „дрво на вистината“, а маслинката „дрво на животот“. Маслинката симболизира здравје, победа, успех, мудрост, интелигенција, чистота и многу други човекови вредности. Одгледувањето на маслинки во Македонија е најзастапено во крајните југоисточни предели во Дојранската Котлина, односно околината на Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија. Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и округла форма со мала семка. Маслинките се бoгaти со железо, калциум, влaкна, бакар, витамин К, витамин Е и натриум. Ако сакате да бидете убави и здрави – јадете маслинки.
Асеманиево евангелие или Асеманово евангелие — глаголски ракопис од втората половина на X век чие настанување се поврзува со Охридската книжевна школа. Пишуван е врз пергамент со обла глаголица и има 158 листа. Овој глаголски споменик кој се смета за најстар во словенски ракопис, го пронашол во 1736 година , во Ерусалим префектот на Ватиканската библиотека Јосиф Симон Асемани (1687 – 1768) по чија смрт, заедно со целата неговата колекција, станал сопственост на библиотеката во Ватикан и го носи бројот 3. Илуминацијата му е старинска и мошне оригинална, при што не се чувствува некое посебно влијание од страна на водечките цариградски илуминаторски школи. Со глаголица се напишани: Киевскиот миссал, Зоографското, Маринското, Асеманиевото и Бојнското евангелие во 11 в., Синајскиот псалтир, Синајскиот требник, Зборникот на Клоц, Охридските и Рилските листови, како и Прашките фрагменти (11-12 в) и сите споменици на хрватската селекција на старословенски јазик од 12 век.
