домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - РУЧЕК ВО СКРЕБАТНО/КАЗАРНИЦА

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – РУЧЕК ВО СКРЕБАТНО/КАЗАРНИЦА

  • Според легендата во Скребатно, традицијата со заедничкиот ручек – ордија, почнала пред повеќе од 200 години кога еден овчар од селото на ливадата го зафатило силно невреме со громови. Тогаш тој се заветувал дека ако остане жив, како благодарност ќе заколи две овци и ќе чести ручек. Во истиот момент невремето се смирило. На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во селотo се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.
  • Казарница со момочки конак се наоѓа непосредно до местото Бабин Дол преку кое се влегува во манастирскиот комплекс на Св. Јоаким Осоговски. Според аналогијата, припаѓа на објектите од традиционалната македонска архитектура од крајот на XIX или почетокот на XX век. Казарницата е приземен објект со приближно квадратна основа. Има функција варење ракија, функција што е задржана до денес.

Ден 18 април 2025

00:01:17