Рождество на Пресвета Богородица е пештерна црква која се наоѓа во Калишкиот манастир во струшкото село Калишта. Потекнува од XIV век. Црквата се наоѓа во карпа и во неа се наоѓаат три монашки ќелии – 2 на првиот кат и една на вториот кат. Во близина на црквата има две исцелителни води посветени на Свети Петар и на Свети Ананија. Манастир Мала Богородица е Ставропигијален манастир, локалитетот претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа во рамките на црквата Св. Богородица во чијшто олтарен простор, како чесна трпеза е поставена ара од бел мермер. Калишки манастир посветен на Рожденството на Пресвета Богородица претставува најголем духовен центар во Струшко и воедно претставува летна резиденција на поглаварот на Македонската православна црква. Во манастирскиот компекс има 4 цркви, од кои две се посветени на Рождеството Богородично, од која едната е пештерска и е постара, а другата е понова и претставува главна манастирска црква и две други. Тука се наоѓа и позната икона на Црната Богородица. Иконата ја насликал некој монах, во темните монашки ќелии, со темен лик, според визиите Господови. Самиот Бог ја обдарил со чудотворност. Според легендата за време на Втората светска војна на повеќе наврати иконата била фрлана во езерото со цел да се уништи, но секогаш повторно се враќала на Брегот од езерото, сведочејќи за тивкото присуство на Божјата Благодат, која по Божја промисла се излева на ова место.
