домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ПРВИТЕ ИЗБОРИ/ОПХОД НА МОШТИТЕ НА СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ПРВИТЕ ИЗБОРИ/ОПХОД НА МОШТИТЕ НА СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

  • На 22 септември 1946 во НР Македонија се одржаа првите избори за Уставотворното собрание. По Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога се удрени темелите на новата македонска држава и по Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, во ослободената земја, како резултат на изборената национална, социјална, политичка и економска слобода, а врз основа на демократските принципи, беа одржани избори за првото во македонската историја – Уставотворно собрание, кое го донесе првиот Устав на НР Македонија.
  • На 22 септември 1991 година за првпат во Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“, основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. Опходот траел до 6 октомври истата година. Свети Климент Охридски (840 – 27 јули 916, Охрид) е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Споменик на Св.Климент во Охрид, дело на скулпторот-академик Томе Серафимовски.

Ден 18 април 2025

00:01:17