ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ПРВА ТЕЛЕФОНСКА ГОВОРНИЦА/ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ
- Првата јавна говорница во Скопје е отворена точно на 28 ноември 1936 година. Станува збор за две јавни телефонски говорници. Првата се наоѓала на плоштадот, пред Стопанскиот дом, денес ресторанот „Метропол“. Втората говорница била во чаршијата, која тогаш особено била прометна. Говорницата била лоцирана точно пред влезот на „Капан-ан“.
- Пеце Атанасовски е роден на 25 октомври 1925 во селото Долнени, Прилепско. Неговите први музички ангажмани започнале со националната радио станица. Тој бил професионално ангажиран во Радио Скопје од 1946 година и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец” од Скопје, почнувајќи од 1950 година. Има собрано импозантна фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора. Починал на 14 септември 1996 година, во Скопје. Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), во Брно итн. Во конкуренција на 1 800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда” на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година. Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Лос Анџелес до Токио.