ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ПРВ ИНТЕРНЕТ/ПРВ СКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД
- На 23 август 1962.- Американскиот телекомуникациски сателит Телстар за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД – Европа. 23 Август е роденден на Интернет комуникацијата во светот. Македонија благодарејки на Ултра-Унет беше една од првите држави која го разбра тоа и на 20 Април 1995 година за прв пат направи Интернет комуникација помегу Македонија и САД преку опремата која ја обезбеди.
- Тоа што навечер никој не доаѓал во колибата кај Руска плажа Скопје, било пресудно да го формираат Првиот скопски партизански одред. На 22 август 1941 година, Русинот Иван Затенко заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ формирале одред кој имал вкупно 42 борци. Колибата тогаш се наоѓала далеку од градот, среде високи дрвја и запуштен простор. Колибата на Русинот и нејзината улога во формирањето на Првиот скопски партизански одред ја има во сите записи, а се споменува и во книгите посветени на одредот. Десетина години откако почина Иван Затенко, дојдоа претставници на власта кај фамилијата да ѝ кажат дека сакаат да направат споменик на местото каде што е формиран Првиот скопски партизански одред. Бидејќи тие живеат на местото на колибата, предложија споменикот да го изградат веднаш до куќата, но властите избараа да го постават од другата страна на насипот за да се гледа од Илинденска. Го поставија во 1981 година и од тогаш, секој 22 август, се одбележува формирањето на одредот.