домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете ? - Празникот Свети Наум и Свети Никола Шишевски во...

Дали знаете ? – Празникот Свети Наум и Свети Никола Шишевски во Матка

На 3 јули во Свети Наум доаѓа народ од секаде и сите носат по нешто. Но и Свети Наум бил издашен. Порано пред празникот манастирски луѓе оделе во поблиските и подалечните места да го канат населението да дојде на панаѓур. Се канело со риби. Во секоја куќа и на секого што ќе го сретнеле се давало по една риба велејќи: „Повели да дојдиш на панаѓур“. За канењето манастирот трошел со стотици риби. А на денот од панаѓурот на дојдените им се давало и јадење. Секој земал од манастирското јадење за да добие благослов од Свети Наум. Марко Цепенков пишува дека чојачко-абаџиските занаетчии од Прилеп, а според други сознанија и во Крушево, за свој патрон го имале Свети Наум. Нив манастирот Свети Наум во старо време ги канел со риба за на поклонение на празникот. Бидејќи во тоа време еснафот беше во расцвет, одеа на поклонение мајсторите со калфите дури и фамилијарно. Ако пак се случеше да не отидат, му се испраќаше парична помош на манастирот, пишува Марко Цепенков.
Единствено тука во Македонија на јужната и на западната лунета на црквата Свети Никола Шишевски Матка има по една правоаголна плоча со мал отвор-окулус. Релјефната плоча од јужната фасада е сочувана во целост. Во еден вид круг на композиција се гледаат испреплетени животни и растенија. Централната позиција под окулусот ја завзама едноглаво суштество со две тела-лавови и со висока тијара на главите. Горе лево два грифона во евхаристичен чин, пијат од ваза. Горе десно има три фигури на волци или кучиња со опашките во уста. Меѓу нив се наоѓаат вкупно 10 единечни вегетабилни релјефни форми (палмети или ластари). Плочата е еден вид “икона” на паганското божество Симаргл што ја претставува плодоносната сила на растенијата, врската помеѓу подземјето, корењата на вегетацијата и нивната инкарнација во животните меѓу кои особено се истакнуваат песот и волкот.

Ден 18 април 2025

00:01:17