домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Печатот од Церје, Говрлево

Дали знаете? – Печатот од Церје, Говрлево

При истражување на неолитската населба кај Говрлево, на II хоризонт на живеење, археологот Милош Билбија во 1982-1983 година, открил тркалезен керамички печат со држалка во вид на стилизирана глава од птица и со длабоко вдлабнат натпис со кружната периферија на артифактот и на самата тркалезна површина на пеатот. Керамичкиот печат од “Церје” кај Говрлево е од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот (7.000 – 6.000 г.п.н.е.), сведочи за постоењето на соодветна македонска воена олигархија, на елипсовидна основа со аплициран симбол на дванаесетокрто сонце, композициски оформен во цик-цак линија создава 12 триаголници со натпис оддесно налево, дешифриран како “Сал со бога сум” . Од бронзовото време (3.000 – 1.200 г. п. н. е.), веројатно, околу 1.500 г. п. н. е. потекнува и праисторискиот бронзен печат од локалитетот “Церје” кај Говрлево. На елипсовидната основа на печатот, покрај аплицираниот зрачен симбол на дванаесеткрако сонце, кој композициски е оформен со релјефна континуирана цик – цак линија која создава 12 триаголници како 12 зраци на соцето, има и натпис, што дешифриран од десно налево и соодветно транскрибирани со букви на современата македонска азбука значат : “кси из псд” и “лси из псд” во смисла “куси (кусиот) и лиси (ќелавиот) од псд”. Поимот “ПСД” во тоа време веројатно, значел “пусат” што на архаичен македонски јазик значи “оружје”, “вооружување” или “посада” што и денес во македонскиот литературен јазик значи “ГАРНИЗОН ВО ТВРДИНА, МЕСТО”.

Ден 18 април 2025

00:01:17