домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Осветување на Свети Климент и Пантелејмон во Охрид и...
Дали знаете? – Осветување на Свети Климент и Пантелејмон во Охрид и Букурешки Договор
- На 11 август 2002 година свечено бил осветен новоизградениот храм Светите Климент и Пантелејмон во Охрид, кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели. Црквата била урната во периодот на Отоманското владеење и на нејзината основа била изградена џамија. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на Cв. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.
- Букурешкиот договор е потпишан на 10 август 1913 г. помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Територијата на Македонија во рамките на Отоманското Царство до Балканските војни го претставувала централниот дел на Балканскиот Полуостров. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2. Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин: Егејскиот дел, со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го окупирала Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 ја окупирала Бугарија и Јужниот брег од Охридското Езеро – Мала Преспа со 1.115 км2 и биле доделени на Албанија.