Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска. Два вагона кај Музејот на Град Скопје со години беа претворени во ресторани и го носеа името на историскиот воз „Ориент експрес”, кој сообраќал од Париз до Истанбул од 1883 до 2009. Со одлука на Влада во 2004 година, дуќаните и сите околни објекти кај Музејот беа преземени од Министерството за транспорт и врски, а што се случува со нив нема информации. Возот “Симплон – Ориент експрес”, поминувал низ Македонија, сообраќал на релацијата Кале – Париз – Милано – Венеција – Загреб – Белград – Ниш, еден дел се двоел за Истанбул, а други за Скопје и за Атина. Возот Ориент Експрес е воведен далечната 1883-та и ја поврзувал речиси цела Европа од Париз, преку Виена, Белград, Ниш до Истанбул или преку Скопје, Солун до Атина. Ориент Експрес се претворило во синоним за удобно и луксузно патување, како и место за секакви интриги. Негови најчести патници биле благородници, дипломати, деловни луѓе и други патници од високите општествени слоеви. Возот Арлберг Ориент Експрес во служба бил од 1930 до 1962, со прекин помеѓу 1939 и 1945 година. Притоа возот морал да мине низ цела Македонија, следејќи го текот на Вардар од Скопје до Солун. Тој давал поттик за создавање бројни книжевни дела, преку кои неговата слава се зголемувала уште повеќе. Едно од тие дела е романот “Ориент Експрес”од А. ден Долард. Бил свесен дека не може да го одврзе јазолот наречен “македонско прашање”, но почувствувал потреба да го извести светот за вистинската состојба во Македонија и да го покаже изворот на недоразбирањата. Книгата постигнала голем успех каков што веројатно и самиот автор не можел да очекува. До крајот на 1935 година книгата била печатена дури десет пати. Интересот за книгата се проширил низ Европа и наскоро се појавиле преводи на многу други јазици. По 146 години Македонија остана без меѓународна железничка линија. Редовната линија Белград – Скопје – Солун се укинува. “Orient – Express /Оријент”е роман на А. Ден Долард кој се смета за најголем промотор на Македонија. За нашата земја рекол “Господ пет дена го создавал светот, а шестиот ден ја создавал само Македонија и затоа таа е толку убава “.
